СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
С О О П Ш Т Е Н И Е
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски - претседател на советот, Габријела Михајловска и Дрита Мемети членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на подносителот, Група граѓани Горан Чекаловиќ од Чучер Сандево, Скопје, кандидат за градоначалник на Општина Чучер Сандево, Скопје, изјавена против решението на тужениот орган Општинската изборна комисија Чучер Сандево, бр.11-17/2 од 11.09.2017 година, на јавна седница одржана на ден 13.09.2017 година, согласно со член 67 став 1 од Изборниот законик донесе Пресуда Урп.бр.119/2017 со која, тужбата на подносителот, Група граѓани Горан Чекаловиќ од Чучер Сандево - Скопје, кандидат за градоначалник на Општина Чучер Сандево - Скопје, против решението на Општинската изборна комисија бр.11-17/2 од 11.09.2017 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.