СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Претседателот на Управниот суд м-р Бурим Сејдини, имаше воведен говор и поздравно обраќање на настан: Тркалезна маса во врска со управните спорови и човековите права: Право на бегалците и практика организиран од ОБСЕ И УНХЦР во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, одржан на 06-07 јуни во Хотел Лимак – Скопје. Во своето обраќање Претседателот се заблагодари на соработката со партнерите ОБСЕ И УНХЦР како и Академијата за судии и јавни обвинители за организацијата на овој настан во насока на обука на судиите од Управниот суд за подобро процесирање и зајакната судска заштита за барателите на азил и бегалците. Истакна и дека заради обезбедување на основните европски стандарди за одржување на усни расправи во управните спорови како во предметите поврзани со азил така и за сите останати предмети и основи по кои постапува Управниот суд, од особено значење претставува и отворањето на новиот објект на Судот кое се очекува да се одржи на ден 06.07.2022 година.