СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е З А Ј А В Н О С Т А
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски - претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети - членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска - виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе пресуда Урп.бр.21/2019 со која
Тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, СЕ УВАЖУВА.
Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, СЕ ПОНИШТУВА.
Донесеното решение во целост ќе биде објавено најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.