Поништување на јавен оглас
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Поништување на јавен оглас
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УПРАВЕН СУД
Су-04.бр.0204-1064/19
04.10.2019 година
С к о п ј е
Претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини, на ден 04.10.2019 година ја донесе следната
О Д Л У К А
СЕ ПОНИШТУВА објавениот Јавен оглас бр.03/2019, под Су-04.бр.0401-948/19 од 20.09.2019 година, во делот под точка 1. Самостоен судски референт, Сметководител-категорија Г, Ниво Г1 – 1 (еден) извршител –(неопределено), поради техничка грешка.
Образложение
Управен суд, имаше објавено Јавен оглас бр.3/2019 за вработување судски службеници на неопределено и определено време, во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“ на ден 23.09.2019 година.
Имајќи предвид дека Јавниот оглас се однесува на вработување на судски службеници на неопределено и определено време, при што предвидениот рок за пријавување на кандидатите, е наведен 5 (пет) работни дена, а согласно член 25 став 4 Законот за судска служба, за јавен оглас на неопределено време, истиот не може да биде пократок од 15 дена, со оглед дека се работи за очигледна техничка грешка, Претседателот на судот донесе одлука како во диспозитивот
Претседател на Суд