Галерии [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Фотогалерија и видео

Свечено отварање на судска зграда

На 6 јули 2022 година свечено беше отворена новата судска зграда на Управниот суд. Настанот се одржа пред објектот и беше организиран во соработка со ОБСЕ. Присуствуваа претставници од извршната власт, судството, академската заедница и дипломатскиот кор. Свечениот настан го отвори Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, кој зборуваше за предизвиците и постигнувањата на Судот, како и за процесот на реновирање и адаптирање на новиот објект. Судската зграда е адаптирана според европските стандарди, со обезбедени услови за одржување јавни расправи, предвидени како императив со Законот за управни спорови (2019). Објектот е доделен со одлука на Владата во 2018 година, а постапката на финална преселба на Судот беше окончана на 4 јуни 2022 година. Процесот на реновирање на судската зграда траеше 1 година и 4 месеци, а вредноста на инвестицијата изнесува околу 55 милиони денари и истата е финансирана од Судскиот буџетски совет. Новата судска зграда се простира на површина од 2.608 м² и овозможува значително подобрени просторни услови за работа на Судот. ЛИНК ДО ВИДЕОТО ОД ОТВАРАЊЕТО - https://www.youtube.com/watch?v=eCwVZuKKr8Y&t=2s

Судница

Управен суд

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 08.10.2025
    Управниот суд ја известува јавноста дека по предметот УРП.бр.83/25, оформен по поднесена тужба од политичката партија Левица од Скопје [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 06.10.2025
    Во Управниот суд на ден 07.10.2025 година со почеток во 11:30 часот ќе се одржи Седница на судиите на Управен суд со следниот Предлог дневен ред [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 03.10.2025
    Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 03.10.2025 година во 13:39 часот, по поднесена тужба од политичката партија Левица од Скопје [повеќе]

Сите вести