СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНА РАСПРАВА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНА РАСПРАВА
С О О П Ш Т Е Н И Е
Управниот суд ја информира јавноста дека закажаните јавни расправи по поднесените 101 тужба на Политичката партија Левица, една тужба на Политичката партија Социјалдемократска Унија и една тужба на Политичката партија Демократи се завршени и изреките на одлуките со кои тужбите се одбиени се јавно соопштени во законски предвидениот рок. По изготвување на одлуките, истите јавно ќе бидат објавени на веб страната на Управниот суд.
Во тек е одржување на јавна расправа по поднесена тужба од МОРО – Работничка партија, чија одлука ќе биде јавно соопштена по завршување на расправата во законскиот рок.
Од сите досега поднесени 185 тужби до Управниот суд, остануваат уште 4 тужби за кои јавните расправи се уште не се одржани, а се закажани за ден 24.07.2020 година.
Управен суд