СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 14.11.2023 година, на 199-та седница, Владата на РСМ, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје - на 29-ти ноември 2023 година (среда), да заврши во 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.
Согласно наведеното, се известуваат странките дека сите јавни расправи за ден 29-ти ноември 2023 година (среда), закажани во и по 12:00 часот, како и сите јавни расправи закажани за ден 30-ти ноември 2023 година (четврток) во Управниот суд, се одлагаат.
УПРАВЕН СУД