СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 26.10.2025 година во 15,07 часот, по поднесена тужба од Искуство за успeх - Либерално демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Македонија, против Решение бр.11-3134/3 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, оформен е предмет под референтен број УРП.бр.92/25.
Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно закон, за да истиот биде решен во законски предвидениот рок.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini