Посета на слушател од Академијата за судии во Република Франција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Посета на слушател од Академијата за судии во Република Франција
Новости
|
20.2.2019
Во дводневна посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија, престојуваше г-ѓа Alice Proy, слушател на Академијата за судии во Република Франција.
За време на посетата, г-ѓа Proy оствари средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, судиите Мирјана Радевска Стефкова и Рахилка Стојковска и се информираше за работата на Одделот за казниви дела и Одделот за граѓански дела.
Г-ѓа Proy присуствуваше и на редовно судење во Одделот за граѓански дела, како и на јавна седница на Одделот за казниви дела, каде имаше можност одблиску да се запознае со практичното функционирање на Врховниот суд на Република Северна Македонија.