Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи

Новости  |  16.7.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 15 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-дин Жарко Хаџи-Зафиров и г-а Милена Арсова, претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и г-а Елена Готовска, претставник од компанијата PwC. На средбата присуствуваше и судија Николчо Николовски, како и членови на кабинетот на претседателот.

На состанокот се дискутираше за активностите на проектот „Подобрување на спроведувањето на правдата“, кој Центарот за правни истражувања и анализи го спроведува со поддршка на Британската амбасада. Претставниците од Центарот ги претставија активностите по однос на подготвувањето на функционална анализа за Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, истакна дека Судот ќе го поддржи спроведувањето на овој проект, како што впрочем е случај со секоја активност која е во насока на подобрување на состојбите во судството.

Претставниците од Центарот за правни истражувања и анализи искажаа благодарност за досегашната поддршка и соработка.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_