Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ДНЕВЕН РЕД
1. Одлучување по приговор, изјавен против Годишен распоред – за изменување на годишниот распоред за работа на Основниот граѓански суд Скопје за 2021 година.
2. Расправа по рефератот по повод барањето за воедначување на судска практика од Валентина Милошевска од село Старо Село, Општина Јегуновце – Тетово (одложена од 13.07.2021 година).
3. Расправа по известување по повод иницијативата за утврдување на начелни ставови и мислења по прашања од значење за обезбедување единство во примената на законите од адвокат Гоце Герасимовски од Скопје.
4. Расправа по известување по повод барање за утврдување начелно правно мислење од Претседателот на Основен суд Неготино.
5. Расправа по известување по повод барање за усогласување на судска пракса од Министерството за одбрана на РСМ – Скопје.