Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми во посета на Врховниот касационен суд во Република Турција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми во посета на Врховниот касационен суд во Република Турција

Соопштенија за јавност  |  06.9.2021
Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на судот Беса Адеми, во состав со судијата м-р Снежана Бајлозова - претседател на Одделот за судска практика и м-р Лидија Таневска Јодровска - шефот на кабинет, во периодот од 1 до 4 септември 2021 година, на покана на претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча, присуствуваше на свечено отварање на Судската година 2021-2022 и отварањето на новиот објект на Врховниот касационен суд на Република Турција.

За време на посетата беше организиран и „Меѓународен симпозиум за ефикасност на Високите жалбени судови“ посветен на обезбедување единство и конзистентност на судската пракса, транспарентност, пристап до правда и стратешко управување со судовите, на кој претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми се обрати со свое излагање на тема „Важноста од воедначувањето  на судската пракса и транспарентноста во работата на судовите“.

Во рамки на свеченоста претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми оствари билатерална средба со претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча на која се разменија добри практики и позитивни искуства за работата на највисоките судови, а се разговараше и за продлабочување на меѓусебната билатерална соработка.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_