Соопштение во врска со донесена Пресуда по изјавена ревизија за надомест на нематеријална штета за Зоран Верушевски [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение во врска со донесена Пресуда по изјавена ревизија за надомест на нематеријална штета за Зоран Верушевски

Новости, Соопштенија за јавност  |  11.7.2023

Заради интерес на јавноста и медиумите, Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека во правната работа на тужителот Зоран Верушевски, против тужениот Република Северна Македонија, за надомест на нематеријална штета, одлучувајќи по ревизијата на тужениот, изјавена преку законскиот застапник Државен правобранител за подрачје С., против пресудата на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.3171/21 од 10.12.2021 година, донесе пресуда со која ревизијата на тужениот делумно се усвојува.

Со Пресудата се преиначуваат пресудите на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.3171/21 од 10.12.2021 година, пресудата на Основен граѓански суд Скопје П4-147/21 од 26.05.2021 година, и решението за исправка на Основен граѓански суд Скопје П4-147/21 од 10.06.2021 година, во делот на усвоеното тужбеното барање и одлуката за трошоци на постапката и се задолжува тужениот на тужителот Зоран Верушевски, на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права - чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода - притвор, да му исплати паричен надоместок во износ од 1.720.000,00 денари, со законска казнена камата во висината на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето - 26.05.2021 година, до конечната исплата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

Врховниот суд на Република Северна Македонија, го одби како неосновано поголемото тужбено барање на тужителот за надомест на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права - чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода - притвор, за разликата од досудениот износ од 1.720.000,00 денари, со оваа пресуда, до износот од 2.580.000,00 денари, со законска казнена камата, сметано од ден 26.05.2021 година, којшто е досуден со првостепената пресуда, а потврден со второстепената пресуда, од причина што оцени дека истиот е превисоко поставен“, се наведува во Пресудата која може да се преземе на следниот линк.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_