Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости  |  01.10.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 12.10.2021 година (вторник), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2020 година (предлог).

2. Расправање по предлог начелно правно мислење „Во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета кога е истакнатo и непарично и парично побарување, дозволеноста на ревизијата ќе се цени според вредностa на предметот на спорот за секое одделно барање, согласно член 372 став 2 од Законот за парнична постапка. (одложена од 17.05.2021 година)

 

3. Расправа по известување по повод барање за давање на правно мислење поднесено од адвокат Ана Петровски од Скопје.

4. Расправа по реферат по писмен допис за начелно правно мислење доставен преку Судскиот совет на Република Северна Македонија, поднесен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција.

5. Давање мислење по предлог Закон за адвокатура, доставен од Министерство за правда.

6. Расправа по известување по повод барање за начелно правно мислење поднесено од Ељизабета Димитриевска од с.Старо Село, општина Јегуновце.

7. Расправа по реферат по повод поднесена иницијатива од страна на Република Северна Македонија Судски буџетски совет Скопје, по која расправал Одделот за граѓански дела.

8. Расправа по известување по повод барање за воедначување на судска пракса поднесено од Лидија Апостолова од Скопје.

9. Давање мислење по предлог Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, доставен од Министерство за правда.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_