Работна средба со Здружение на новинарите на Македонија одржана во Врховниот суд на Република Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Работна средба со Здружение на новинарите на Македонија одржана во Врховниот суд на Република Македонија
Соопштенија за јавност
|
21.7.2014
По иницијатива на Здружението на новинарите на Македонија во Врховниот суд на Република Македонија на 18 Јули 2014 година, се одржа работна средба на кој присуствуваа Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова и судијата д-р. Џемали Саити, а од страна на Здружението на новинарите на Македонија, Претседателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски, со цел споделување на тековни искуства.

На средбата се разговараше за заедничка соработка, анализа на состојбата за судските процеси по предмети за клевета и навреда, за одобренија за следење на судски процеси во граѓански и кривични предмети, како и за идни проекти во кои преку обуки би биле вклучени судството и медиумите. Врз основа на целокупниот разговор произлезе да во официјален допис насловен до Врховниот суд на Република Македонија, Здружението на новинари на Македонија повторно ги образложи клучните точки од работната средба.
На крајот на средбата беше искажано заедничко задоволство и понатамошна успешна соработка