Известување на одложување на јавна седница
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување на одложување на јавна седница
Новости
|
08.6.2017
Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека јавната седница по предметот Вкж2.бр.3/2016, а во врска со убиството кај Смилковско Езеро, закажана за 09.06.2017 година во 11 часот, се одлага.
Одложувањето на јавната седница е по барање на бранителот адвокат Асмир Алиспаиќ поради здравствени причини, за што до Врховниот суд на Република Македонија е доставена соодветна медицинска документација.
Терминот за одржување на јавната седница по предметот Вкж2.бр.3/2016 ќе биде дополнително определен, за што јавноста ќе биде известена.