Работна посета во Врховниот суд на Република Србија и Стопанскиот суд во Белград
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Работна посета во Врховниот суд на Република Србија и Стопанскиот суд во Белград
Претставници на Врховниот суд на Република Македонија предводени од судијата Киро Здравев задолжен за судска пракса, на 12 и 13 мај 2014 година го посетија Врховниот суд на Република Србија и Апелациониот Стопански суд во Белград, каде остварија средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Србија, судија Драгомир Милојевиќ, заменик претседателот, судијата Јанко Лазаревиќ, главниот и одговорен уредник на Билтен за судска пракса на Врховниот суд на Република Србија, судијата Снежана Андрејевиќ и други претставници на Апелациониот Стопански суд во Белград, со цел размена на експертски искуства за воедначување на судската пракса во матичните држави.
Работната средба беше иницирана и овозможена од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), преку Проектот за јакнење на судството во Република Македонија, на која се разговараше за начинот на креирање на судската пракса, постапката за донесување на правни мислења и нивната примена, издавањето на Билтен на судска пракса, објавувањето на судски одлуки на веб-страната на судот, транспарентноста на работењето на судот и содржината на веб-страната на судот.