СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
Известувања
|
23.1.2019
Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на Општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.
Врховниот суд на Република Македонија ќе одржи Општа седница на 30.01.2019 година. Помеѓу другото, на дневниот ред ставена е точка за разгледување на иницијативи на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за утврдување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.
Во Врховниот суд на Република Македонија примени се и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија.