Состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството
Годишната конференција, на која учествуваат претседатели и судии на највисоките судови од целиот свет и останати високи претставници и организации, има за цел да ја поттикне соработката на ниво на највисоките судови и да овозможи размена на искуства и добри практики.
Покрај презентација на достигнувањата на мрежата од нејзиното основање, на конференцијата се дискутираше и се разменуваа искуства на многу актуелни теми, меѓу кои употребата на социјалните медиуми од страна на судиите, етиката во судството и зацврстување на судскиот интегритет преку кодекси на однесување и обуки за етика, судски имунитет, избор и именување судии и независност на судството, интегрирање на антикорупцијата на врвот: транспарентност и одговорност на највисоките органи на судството, малтретирање, вознемирување и други проблеми поврзани со родовата припадност и интегритет.
На состанокот беше потпишана Декларација за судски интегритет.