Посетата на Оценска мисија за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Управна постапка и управно право на Врховниот суд на РМ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Посетата на Оценска мисија за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Управна постапка и управно право на Врховниот суд на РМ
На работната средба се разговараше и се разменија мислења за системот на решавање на управните спорови на централно и локално ниво, за системот на управното право во однос на неговиот капацитет и функционирање, подготвеноста на судиите на Управнито и Вишиот управен суд, како и тоа дали сегашниот систем на жалби преку Вишиот управен суд е соодветен или треба да се предвиди укинување на овој суд и враќање на неговата функција во Врховниот суд на Република Македонија.
По завршувањето на посетата на Оценската мисија, од страна на експертите се очекува да произлезат совети и препораки за сите области поврзани со планираните измени на Законот за управни спорови кои треба да се усвојат во месец септември 2018 година.