Соопштение за одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 05.07.2021 година.
2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците мај, јуни, јули- август 2021 година.
3. Утврдување на текстот на заклучоците донесени на седницата на Оддел за судење во разумен рок од 13.07.2020 година и разгледани на седницата на Оддел од 05.07.2021 година ( точка 9 од дневниот ред).
4. Разно
По одржана расправа:
По првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 05.07.2021 година.
По втората точка на дневниот ред, усвоeни се Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците мај, јуни, јули- август 2021 година.
По третата точка на дневниот ред, утврден е текстот на заклучоците донесени на седницата на Одделот за судење во разумен рок од 13.07.2020 година и разгледани на седницата на Одделот од 05.07.2021 година.