Претставување и презентација на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претставување и презентација на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“

Njoftim për opinionin  |  10 Qer 2016
Врховниот суд на Република Македонија на ден 09.06.2016 година на Правниот факултет-Скопје одржа промоција на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“, организирана со поддршка на CEELI INSTITUTE Prague и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова, ја промовираше Брионската изјава за начелата на независност на судството, како еден од потписниците на Изјавата која е донесена наКонференцијата на претседатели на врховни судови на централна и источна Европа на 16 земји учеснички на 14 октомври 2015 година во Бриони, Хрватска. Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија во поздравното обраќање истакна дека идејата за промоција на Брионската изјава e произлезна од потребата и должноста, повторно да се реафирмираат универзалните начела и напори за обезбедување на независноста на судството и судската професија во Република Македонија особено од аспект на носителите на таа функција. Истакна дека промоцијата е организирана самоиницијативно, како настан на и за судиите, во поткрепа на зајакнување на кохезијата во судството. Потенцираше дека Брионската изјава е донесена во еден многу важен момент за судството во Република Македонија, меѓу другото во годината на 70 годишнината од основањето и работењето на Врховниот суд, па во овој контекст таа претставува силна поддршка за судството да остане на патот на својата независност и непристрасност.

 Врховниот суд на Република Македонија е вистинското место каде што треба да се манифестира симболиката на симбиозата помеѓу правната наука и правната пракса и мудрост, но поради досегашната успешна соработка помеѓу Врховниот суд на Република Македонија и Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, Правниот факултет беше избран како институција која претставува бастион на правната наука и медиум од кој произлегува примарниот инпут на основните правни постулати на она што значи независно судство, преку правното образование. Токму од овие причини на промотивниот настан поздравно се обратија деканот на Правниот факултет во Скопје, Проф. Д-р. Борче Давитковски, како и членот на судската мрежа вон. Проф. Д-р. Лазар Нанев.

Од особено значење за промоцијата на Брионската изјава за начелата на независност на судството е иновативноста која ја воведе Врховниот суд на Република Македонија, каде преку воспоставената конференциска врска со седиштето на Институтот на централна и источна Европа CEELI во Прага, имаше обраќање на Г-дин Кристофер Леман, Извршен директор на CEELI INSTITUTE Prague.
      Врховниот суд на Република Македонија промовирајќи ги високите вредности на примената на ИТ, без било каква императивност и потчинетост на оние кои ја контролираат технологијата, но сосема од реалистилчни побуди на ефикасност, настанот за промоција на Брионската изјава за начелата на независност на судството го адаптираше и направи достапен до сите корисници на интернет во светот, преку стримингот со линкот кој е достапен на сајтот https://www.youtube.com/.watch?v+rMLopRYYEyY.
     Ова беше импут на корисноста и важноста на ИТ, како средство и алатка за подобрување на правдата, за подобрување на пристапот до судовите за корисниците, и за зајакнување на гаранциите предвидени во чл.6 од ЕКЧП, пристап до правдата, непристрасност, независност на судиите, праведност и разумно траење на постапките.

На настанот присуствуваа судии од сите судови во Република Македонија, претставници на правосудни институции и други органи во Република Македонија, амбасадори, претставници на меѓународни организации и претставници на невладини организации.

      Брионската изјава за начелата на независност на судството на македонски јазик може да ја најдете тука...

    Поздравното обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и говорот за презентацијата на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“ може да ги најдете тука...

       Повеќе информации за учеството на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на Конференцијата на претседатели на врховни судови од централна и источна Европа и одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на Врховниот суд може да најдете на следните линкови http://vsrm.mk/Novosti.aspx?novost=98 и http://vsrm.mk/Novosti.aspx?novost=99 .

 

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_