Претставници на ВСРМ учествува во I фаза од проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“ (НРА)
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Претставници на ВСРМ учествува во I фаза од проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“ (НРА)
Соопштенија за јавност
|
13.5.2014
На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање претставници на Врховниот суд на Република Македонија, судијата д-р Џемали Саити и вишиот судски соработник Надица Серафимовска учествуваа во подготвителна работилница, прва фаза на проектот за национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам (НРА), одржана од 07 до 09 мај 2014 година на која беше презентиран концептот на НРА и алатките за спроведување на НРА.
Проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“ (НРА), ќе се спроведува со помош на Светска банка, како и во соработка со Европската Комисија- TAIEX и OSCE. Овој проект е со времетраење од 6 месеци до 1 година и се спроведува во 3 фази почетна работилница, прибирање на дополнителни податоци и анализа и завршна работилница. Активностите и обврските кои произлегуваат од проектот ги реализираатработни групи со еден или повеќе претставници од институциите кои се инволвирани во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на РМ. Работните групи се формирани со одлука на Владата на Република Македонија.