Адеми: Европските стандарди поефикасно се остваруваат преку соработката со граѓанскиот сектор [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Адеми: Европските стандарди поефикасно се остваруваат преку соработката со граѓанскиот сектор

Risi  |  3 Qer 2024
Граѓанскиот сектор е голем пријател на судството. Транспарентноста, отвореноста, дијалогот, унапредувањето на ефикасноста, квалитетот на правдата и исполнувањето на европските стандарди поефикасно се остваруваат преку соработката со граѓанскиот сектор, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во врска со настанот по повод одбележување на 15 години од постоењето на Институтот за човекови права.

Подготовката на анализите, студиите, извештаите, заклучоците, предлозите, забелешките и препораките кои потекнуваат од граѓанскиот сектор имаат незаменлива улога во етаблирањето на современото и европско судство.

Тоа се ставови кои со својот јавен авторитет се прифаќаат како облигаторен дискурс на реформските процеси. Граѓанскиот сектор е активен чинител во процесите и столб на сигурноста во одлуките.

Активностите на граѓанските организации како мост помеѓу граѓаните и институциите, претставуваат опсежна опсервација врз работењето на правосудните институции. Таа опсервација е креативна и со присутен ентузијазам, или како што Европскиот суд за човекови права тоа го именува - демократска контрола. Во таа насока, потребно е соработката постојано и поинтензивно да се унапредува“, посочи претседателката Адеми.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_