Учество на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на конференцијата на тема искуствата нa судиите од СAД
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на конференцијата на тема искуствата нa судиите од СAД
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова на 12 и 13 мај 2014 година, учествуваше на конференција организирана од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) на тема „Искуствата на судиите од САД во поглед на насоките за казнување и одредување на казните“.
На конференцијата со свое излагање да го пренесат судиското искуство во поглед на насоките за казнување и одредување на казните, учествуваа и гостите од Соединетите Американски држави: г. Рикардо Хинохоса, претседател на Федералниот суд за Јужниот дистрикт во Тексас и поранешен претседавач на Комисијата за одредување на казни, г. Артур Хантер, судија во Кривичен суд од Орлеанс, Луизијана, г. Дејвид Грис, федерален јавен обвинител и постојан правен советник на програмата ОПДАТ во Албанија и г-ѓа Лесли Јоан Розенборг, адвокат и менаџер на програмата на Американската адвокатска комора/РОЛИ.
За време на конференцијата Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија учествуваше во поздравното обраќање, а во текот на конференцијата и со презентација на содржината и концептот на Правилникот за начинот на одмерување на казните. Од страна на странските судии експерти беа искажани позитивни коментари и пофални зборови кон Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и тимот кои го изработија текстот за Правилникот за начин на одмерување на казните.