Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

НАДЛЕЖНОСТИ НА ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО

Согласно Законот за изменување и дополнување на законот за судовите (Сл. Весник на РС Македонија бр. 96 од 17.05.2019 година) Основниот суд Кичево е суд со проширена надлежност

 

Член 31

(1) Основните судови со проширена надлежност покрај надлежноста утврдена во членот 30 од овој закон за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат по кривични дела, и тоа :

  • за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршоци извршени од малолетни лица,
  • да спроведуваат истрага и истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
  • да постапуваат по предмети за екстрадиција,
  • по жалби и приговори за постапките за кои се надлежни и
  • да решаваат за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

(2) Основните судови со проширена надлежност покрај надлежноста утврдена во членот 30 од овој закон за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат по граѓански спорови, и тоа:

  • за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост, - водат судски регистар за политички партии,
  • во постапка за стечај и ликвидација,
  • во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
  • за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански, односно трговски односи.

(3) Надлежноста од ставовите (1) и (2) на овој член ќе ја вршат судовите и тоа: Основниот суд во Битола и за подрачјето на Основниот суд во Ресен, Основниот суд во Прилеп и за подрачјето на Основниот суд во Крушево, Основниот суд во Охрид за подрачјето на Основниот суд во Охрид, Основниот суд во Струга за подрачјето на Основниот суд во Струга, Основниот суд во Гостивар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар, Основниот суд во Кичево и за подрачјето на основните судови во Кичево и Дебар, Основниот суд во Тетово за подрачјето на Основниот суд во Тетово, Основниот суд во Куманово и за подрачјето на основните судови во Крива Паланка и Кратово, Основниот суд во Кочани и за подрачјето на основните судови во Берово, Виница и Делчево, Основниот суд во Велес за подрачјето на Основниот суд во Велес, Основниот суд во Гевгелија за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија, Основниот суд во Кавадарци и за подрачјетo на Основниот суд во Неготино, Основниот суд во Струмица и за подрачјето на Основниот суд во Радовиш и Основниот суд во Штип и за подрачјето на Основниот суд во Свети Николе.

Историјат
Судска зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести