Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

НАДЛЕЖНОСТ

Надлежноста на Основниот кривичен суд Скопје е определена согласно Законот за  судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.
    Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.
    Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.
    Основниот кривичен суд е кривичен суд со основна и проширена надлежност за  подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.
    Во Основниот кривичен суд Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија. 

 

ИСТОРИЈАТ
ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 17.12.2024
    Во однос на двете лица поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“ за кои Основното јавно обвинителство, до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, а за кои судот најави дека дополнително ќе одлучува по утврдување на нивната достапност: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 17.12.2024
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 16.12.2024
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица, кои утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена. [повеќе]

Сите вести