Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

НАДЛЕЖНОСТ

Надлежноста на Основниот кривичен суд Скопје е определена согласно Законот за  судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.
    Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.
    Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.
    Основниот кривичен суд е кривичен суд со основна и проширена надлежност за  подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.
    Во Основниот кривичен суд Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија. 

 

ИСТОРИЈАТ
ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 04.2.2025
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување присуство против 6 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а приведени во меѓународната акција со кодно име „Вардар“ , по произнесување на обвинителот и обвинетите во присуство на нивни бранители донесе решенија со кои: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 03.2.2025
    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК 117/24 поврзан со групата приведена во с. Грчец, насрочена за 04.03.2025 година во 09:30 се одлага за 28.02.2025 во 10:00 часот, бидејќи КПУ Затвор Скопје го извести судот дека не е во можност да ги спроведе обвинетите поради откажување на асистенцијата од МВР. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 31.1.2025
    Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди во која едно лице го загуби животот, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. [повеќе]

Сите вести