Корисни информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Корисни информации

 

            Плаќање на ПОС терминали

Со цел олеснување на целокупната процедура за плаќање на законски утврдената судска такса при поднесување барање за добивање потврда – уверение од казнена, кривична или прекршочна евиденција, освен досегашниот начин на плаќање на таксата во банка или пошта преку уплатница, граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка, таксата ќе може да ја платат на шалтерот за поднесување барање во Основен кривичен суд Скопје преку ПОС терминали на Тутунска банка.

Ги известуваме сите граѓани дека Законски утврдената судска такса , може да се плати со било која дебитна или кредитна картичка, а освен утврдената сума која се уплаќа на сметка на Буџет на Р.М. банката наплатува и 40 денари провизија.

Со цел граѓаните да не се доведат во состојба да мора да издвојат повеќе пари од нивниот буџет ги известуваме дека при уплаќање на таксата самите одлучуваат дали таксата на сметка на Буџет на Р.М. ќе ја плаќаат преку ПОС терминали или преку уплатница во банка или пошта каде исто така се плаќа дополнителна провизија.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

 

       Посета на притворени лица во затвор Скопје-Скопје

 

Сите граѓани кои сакаат да закажат посета треба да се јават на телефонскиот број 02/3105115 и да ги остават своите податоци како и податоците за лицето кое сакаат да го посетат.

Доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и времето од денот кога може да ја рализираат посетата. Затоворт ќе биде мрежно поврзан со судот и така ќе добива соодветна евиденција за тоа кој граѓани, конкретниот ден, има дозвола за посета, додека пак затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани.

Обврска на граѓаните ќе биде со себе да понесат лична карта или друг документ за лична идентификација.

Единствено граѓаните кои за првпат поденсуваат барање за посета ќе бидат должни да дојдат до судот и да ги приложат сите неопходно документи за да се утврди во кое својство се со притвореното лице.

Со овој систем значително ќе се намали времето кое е неопходно за издавање на овие дозволи, а граѓаните нема да имаат потреба за секоја посета да доѓаат до судот и да поднесуваат ново барање. Воедно, посети ќе може да се закажуваат секој работен ден со тоа ќе се добие оптимално искористување на времето и просторот во Затвор Скопје која на дневна база е на располагање на судот за посети.

Ова е еден од прокетите кој се реализира по иницијатива и со сопствени средства на Основен Кривичен суд Скопје, а во соработка со други инситуции.

Со почит Основен Кривичен суд Скопје.

 

** Оваа посета важи за лица притворени од страна на Основен Кривичен суд Скопје **

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 29.11.2021
    Апелациониот суд Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје достави две пресуди со кои: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 22.11.2021
    Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот М.Ј. донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 18.11.2021
    Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор. [повеќе]

Сите вести