Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната девојка В.Ѓ. од Скопје и Велешанецот П.Ж, насрочена за 17.03.2025 година, СЕ ОТПОВИКУВА, со оглед да еден од судиите поротници, заради здравствени причини не може да присуствува на судењето.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со КОК бр. 179/22 против Лидија Д. и други насрочена за 14.03.2025 година се отповикува заради добиено известие за службено отсуство на јавниот обвинител.
[повеќе]