СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за Незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост.
По формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување, а по закажана главна расправа странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет кој се однесува на Незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, судот навремено ќе ја информира јавноста.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.