СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Одделот Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во Законски утврдениот рок донесе решенија со кои:
Барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи, додека 9 други барања кои се однесуваат на 7 обвинети лица со решенија од 28.12.2018 година се одбиени како неосновани и доставени до странките.
Обвинетите, согласно Законот, имаат право на жалба на решенијата во рок од 3 дена до повисокиот суд.
Сите останати барања, за кои сеуште тече рокот за одлучување се во фаза на изготвување решенија и во следните денови ќе бидат доставени до странките.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.