Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Според член 32 став 4 од Законот за судови („Службен весник на РМ“ бр.58/06 од 11.05.2006 година), Основниот суд Скопје II Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, односно за подрачјето на следниве скопски општини (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново).

Во согласност со цитираниот член и член 30 и член 31 од Законот за судови, како и другите важечки прописи, Основниот суд Скопје II Скопје е надлежен да одлучува во прв степен во граѓански спорови и тоа:

  • за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до и над 50.000 Евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
  • за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета до и над 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во постапка за обезбедување на побарување,
  • за работни спорови,
  • за спорови од наследно-правни односи,
  • за вонпарнични и оставински,
  • во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
  • водат судски регистар за политички партии,
  • во постапка за стечај и ликвидација,
  • во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
  • за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански, односно трговски односи
  • за други работи утврдени со закон.

 

Историјат
Структура на судската зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • ДЕМАНТ

    Новости  | 18.4.2019
    Почитувани, ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ во целост ги демантира наводите во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА) објавена од страна на медиумите Телма под наслов „Основниот суд 2 незаконски влијае на изборниот процес“, Сител под наслов „ММА: Одлуката на судот да додели отштета за 1тв е незаконска“, Канал 5 ТВ под наслов „ММА реагира до ОБСЕ, Судскиот совет и ДКСК на одлуката на Основниот суд Суд – 2 за 100.000 евра непостоечко побарување на 1тв“, Алсат – М под наслов „ММА со реакција за одлуката за Основниот суд – 2 за 1тв“ и на веб порталот А1он.мк под наслов „1ТВ од ДИК може да добие 100 илјади евра“. [повеќе]
  • СО О П Ш Т Е Н И Е

    Новости  | 12.4.2019
    Поради зголемениот интерес на медиумите ја известуваме јавноста дека рочиштето за објава на одлука по предметот П5-61/18 е закажано за ден 22.04.2019 година во 14,30 часот, судница 9 на II кат. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

    Новости  | 01.4.2019
    Почитувани, По повод Денот на правосудството, Основниот суд Скопје II Скопје во соработка со Црвен крст – Општинска организација Центар од Скопје, реализираше акција за доброволно дарување крв во просториите на судот. [повеќе]

Сите вести