Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Според член 32 став 4 од Законот за судови („Службен весник на РМ“ бр.58/06 од 11.05.2006 година), Основниот суд Скопје II Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, односно за подрачјето на следниве скопски општини (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Аралиново).

Во согласност со цитираниот член и член 30 и член 31 од Законот за судови, како и другите важечки прописи, Основниот суд Скопје II Скопје е надлежен да одлучува во прв степен во граѓански спорови и тоа:

  • за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до и над 50.000 Евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
  • за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета до и над 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во постапка за обезбедување на побарување,
  • за работни спорови,
  • за спорови од наследно-правни односи,
  • за вонпарнични и оставински,
  • за други работи утврдени со закон

 

Историјат
Структура на судската зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

    Новости  | 10.10.2018
    С О О П Ш Т Е Н И Е По однос на текстовите објавени во одредени медиуми дека судијата го прифатила барањето на директорот на фестивалот „Кине Нова“, како и дека судијата не донела никаква одлука во врска со емитувањето на филмот. Имено, Основниот суд Скопје II Скопје, во врска со постапката за дозволување на привремена мерка по предметот ВПП2-250/18, а по предлог на предлагачот РМ -Министерство за култура, против противникот Здружение за промовирање и развој на филмската уметност и култура АРТ Синема Скопје, по повод одржаното рочиште на ден 10.10.2018 година, Ве известува за следното: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

    Новости  | 09.10.2018
    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Почитувани, Поради поголемата заинтересираност на медиумите во врска со предметот ВПП2 – 250/18, Ве известуваме дека на ден 08.10.2018 година до Основниот суд Скопје II Скопје, доставен е поднесок од страна на Државно правобранителство на Република Македонија за повлекување на предлогот за изрекување на привремена мерка. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

    Новости  | 01.10.2018
    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Почитувани, Во врска со објавениот текст на веб порталот СУДСТВО.мк, со наслов „Судските предмети се чуваат по ходниците на Основен суд Скопје 2“, Ве известуваме дека предметите не се чуваат по ходниците во судот, туку се врши здружување на тековна архива. Истовремено, Ве известуваме дека согласно член 104 став 4 од Судскиот деловник, надвор од судењето, снимањето и фотографирањето во зградата на судот може да се врши со одобрение на претседателот на судот кој раководи со зградата. Со почит, Основен суд Скопје II Скопје [повеќе]

Сите вести