За судиите
За судиите
Во Основниот суд Свети Николе во 2016-та година работеа 1 Претседател на суд и 3 судии. Претседателот истовремено работеше и како судија.
Со Одлука на Судски совет од 03.05.2017 година донесено е решение за престанок на судиска функција на судијата Слободан Арсовски поради навршени 64 години и назначена е за Вршител на должност Претседател на Основен суд Свети Николе судијата Лилјана Додевска.
Со Одлука на Судски совет од 03.07.2017 година за Претседател на Основен суд Свети Николе е избран судијата Тодор Поп Панев.
Така во Основен суд Свети Николе сега работат 3 судии, од кои 1 е Претседател на судот.
Претседател
CV на Претседател
Судија Тодор Поп Панев
Образование:
Се запишува на Правен факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во 1994/1995 година.
Дипломира на 29.03.1999-та година.
Во месец декември 2008-ма година успешно ја завршува почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје. Има посетувано голем број на семинари и обуки организирани од страна на Здружението на судии на Република Македонија, како и од Академијата за обука на судии и јавни обвинители. Притоа се здобил и со уверение за успешно завршена обука за обучувач по медијација доделена на семинар организиран од страна на Министерството за правда на РМ. Бил еден од учесниците на првиот натпревар под назив TEMIS помеѓу сите академии за обука на судии и јавни обвинители од Европа, одржан во Букурешт во месец септември 2008-ма година, како и на семинарот во Трир, Германија за антидискриминација во областа на работните спорови.
Редовно посетувал и посетува семинари организирани од Академијата за судии и јавни обвинители.
Лични вештини и способности:
- македонски јазик
- англиски јазик
- работа со компјутери и тоа: Internet, ACCMIS, SRS Femida, судска е-достава, MS Word, Open office writer, MS Excel, OpenOffice Calc, MS Powerpoint.
Работно искуство:
1999-2001 година како волонтер во Основен суд Штип работел во сите правни области, за кој период изготвувал одлуки од областа на граѓанското, кривичното, стопанското, прекршочното и вонпарничното право.2002-2004 година бил вработен во Основен суд Штип како стручен соработник на определено време во период од две години. За овој период работел во одделението за регистрација на правни лица во судскиот и трговскиот регистар, како и во одделението за стечај и одделението за трговски спорови.
На 14.01.2010-та година е избран за судија во Основен суд Свети Николе и до ден денес е распореден да работи и постапува по граѓански и вонпарнични предмети.
На ден 20.11.2013 година стапува на функција Вршител на должност Претседател на Основен суд Свети Николе. Оваа должност успешно ја извршува до 29.04.2015 година.
Судиите
Судија Тодор Поп-Панев

Судија Валентина Буровска
Судија Валентина Буровска
Образование:
Пред Комисија формирана при Министерство за правда на РМ, во Скопје на ден 08.06.2001 год. положила Правосуден испит
Лични вештини и способности:
- македонски јазик
- англиски јазик
- работа со компјутери и тоа: Internet, ACCMIS, MS Word, Open office writer, MS Excel, OpenOffice Calc, MS Powerpoint.
Работно искуство:
На ден 01.09.1998 год. е примена на работно место приправник во Основен суд Свети Николе, каде работела во сите правни области и изготвувала одлуки од областа на граѓанското, кривичното, прекршочното и вонпарничното право.
со Решение на Претседателот на Основен суд Свети Николе сметано од 01.04.2003 година е распоредена на работно место стручен соработник.
Судија Лилјана Додевска
Судија Лилјана Додевска

Образование:
Дипломира на ден 07.06.1990 година.
Пред Комисијата формирана при Министерство за правда на РМ, во Скопје на ден 11.02.1997 год. положила Правосуден испит.
Има посетувано голем број на семинари и обуки организирани од страна на Здружението на судии на Република Македонија, USAID, како и од Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
Лични вештини и способности:
- македонски јазик
- англиски јазик
- работа со компјутери и тоа: Internet, ACCMIS, MS Word, Open office writer, MS Excel, OpenOffice Calc, MS Powerpoint.
Работно искуство:
Од 1990 до 1995 година работи како адвокатски приправник кај адв. Фиданчо Трајановски во Радовиш, а од 1995 до 1997 год. работела како правник во „Илмако“ ДОО Радовиш.