Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

  

            Претседател на судот e Александар Шопов
Заменик на Претседателот на судот, е судија Биљана Јачева
Одговорно лице за односи со јавност - Портпарол на судот, е судија Габриела Гајдова.

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СУДОТ ПО ОДДЕЛИ

            Работата во судот се организира во два судски оддели Кривичен и Граѓански оддел.
Претседател на Граѓанскиот оддел е судија Лидија Димова, а заменик е судија Валентина Петровска.
Претседател на Кривичен оддел е судија Габриела Гајдова, а заменик е  судија Тања Милева.

           

КРИВИЧЕН ОДДЕЛ

       Во Кривичниот оддел се постапува по кривични предмети против полнолетни лица, по предмети против малолетни лица, по прекршочни предмети, по предмети за извршување на санкции и други предмети согласно уписниците од Судскиот деловник.

         Судијата Габриела Гајдова според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт, по прекршочни предмети и како Претседател на Кривичен совет.
Судијата Тања Милева според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт, по прекршочни предмети и како Претседател на Кривичен совет..
 Судијата Шефшет Адеми според годишниот распоред за работа постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, по предмети за оцена на обвинителен акт, по прекршочни предмети и како Претседател на Кривичен совет.
 Судијата Снежана Николовска според годишниот распоред за работа постапува по предмети во надлежност на судија на претходна постапка, по кривични предмети спрема малолетни лица и по прекршочни предмети.
 Судијата Бојанчо Донев според годишниот распоред за работа постапува по прекршочни предмети и како Претседател на Совет за малолетници.
 Судијата Аница Теова според годишниот распоред за работа постапува по предмети за извршување на санкции.

 

ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ

           Во Граѓанскиот оддел се постапува по предмети помеѓу правни и физички лица и тоа: предмети од имотни спорови, трговски спорови, работни спорови, семејни спорови, облигациони спорови, спорови од мала вредност, предмети по платни налози, по приговори и жалби против решение донесено од нотарите, како и предмети по истите основи (парнични предмети) кои произлегуваат од стечајните постапки согласно чл.93-а од Законот за стечај (Сл.Весник на РМ бр.79/13), стечајни, ликвидациони предмети, вонпарнични и оставински предмети, предмети по Закон за обезбедување на побарувања, Законот за извршување, привремени мерки по Закон за семејство и судски депозит согласно Судскиот деловник.

Судија Лидија Димова според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.
Судија Виолета Мојсова според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети и како Судија за судска пракса.
Судија Лорета Тодорова според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.
Судија Наташа Мишева според годишниот распоред за работа постапува по парнични предмети.
Судија Биљана Јачева според годишниот распоред за работа постапува по трговски, стечајни, ликвидациони предмети и платни налози по приговор.
Судија Валентина Петровска според годишниот распоред за работа постапува по трговски предмети и платни налози по приговор.
Судија Дејан Перчинковски според годишниот распоред за работа постапува по трговски, стечајни, ликвидациони предмети и платни налози по приговор.
Судија Валентина Ѓорѓиевска според годишниот распоред за работа постапува по трговски, стечајни, ликвидациони предмети и платни налози по приговор.
           Судија Ангел Трипчев според годишниот распоред за работа постапува по вонпарнични и стечајни предмети.

 

СУДСКИ ПИСАРНИЦИ

Административното постапување по предметите во рамките на одделите се врши во судски писарници.
Во рамките на кривичниот оддел работата по предметите се врши во: кривична писарница, прекршочна писарница и писарница за извршување на санкции.
Во рамките на граѓанскиот оддел работата по предметите се врши во: парнична писарница, писарница за трговски спорови и стечај, писарница за платни налози и вонпарнична и оставинска писарница.
Приемот на писмената се врши во приемната писарница. 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_