Соопштение од 310-та седница одржана на ден 10.06.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 310-та седница одржана на ден 10.06.2019 година

Соопштенија за јавност  |  10.6.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 310-та седница одржана на ден 10.06.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

        Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 310-та седница одржана на ден 10.06.2019 година, одлучи за следното:
 
1.Усвоен е:
   • Записникот од 303-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.04.2019 година и 18.04.2019 година.

2.Донесени се решенија за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, и тоа за:  
   - Ленче Делипетрова Атанасова, судија на ОС Кавадарци;
   - Солтир Ташков, судија на ОС Штип;
   - Амди Мифтари, судија на ОС Тетово;
   - Шемседин Јусуфи, судија на ОС Тетово, член на Судски совет на РСМ;
   - Станка Кимова, судија на ОС Гевгелија.

3.Донесена е Одлука со која е формирана Комисија за изработка на Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

4.Усвоени се извештаите на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за судии за Апелационен суд Скопје и за Управен суд.

5.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за првото тромесечие за 2019 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

6.Донесени се одлуки по 2 (две) барања за утврдување на одговорност на судија и се формирани комисии, а за 1 (едно) барање поради немање на потребно мнозинство согласно законот не е донесена одлука за навременост и целосност.

7.Донесено е Решение за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција.

  Донесени се 2 (две) решенија за ставање вон сила на решенијата за времено оддалечување од вршењето на судиската функција.

  Донесено е решение за продолжување на мандатот на Станка Везенковска, судија на Основен кривичен суд – Скопје, врз основа на изјава за продолжување на мандатот согласно Законот за судови.

8.Член на Судскиот совет на РСМ е изземен од постапување по претставката УПП.бр.08-4/19.