Препорака за користење на годишните одмори од календарската 2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Препорака за користење на годишните одмори од календарската 2019 година
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 339-та седницата одржана на ден 07.05.2020 година, ја донесе следната
П Р Е П О Р А К А
Членовите на Судскиот совет и судиите кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од вирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно работниот процес и врз основа на одобрение од претседателот на Судскиот совет и претседателот на судот.
Членовите на Судскиот совет и судиите кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно на мерките за заштита од ширење и превенција од вирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.
Судскиот совет на Република Северна Макеоднија очекува од страна на членовите на Судскиот совет и судиите да се почитува оваа препорака.
СУДСКИ СОВЕТ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Киро Здравев