Соопштение од 346--та седница на Судски совет на РСМ - 26.08.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 346--та седница на Судски совет на РСМ - 26.08.2020 година
Соопштенија за јавност
|
27.8.2020
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 346-та седница одржана на ден 26.08.2020 година, со дополнет Дневен ред одлучи за следното:
- Усвоена е Функционална анализа на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
- Усвоен е Стратешки план на Судскиот совет на Република Северна Македонија со акционен план за 2020-2022.
- Усвоен е План за стратешка комуникација на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
- Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Апелационен суд Битола, Основен суд Велес и Основен суд Гевгелија.
- Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:
- Снежана Бајлозова – судија на Врховен суд на РСМ;
- Киро Здравев – судија на Врховен суд на РСМ, претседател на Судски совет на РСМ;
- Николчо Николовски – судија на Врховен суд на РСМ;
- Драгослав Радичевски – судија на Управен суд;
- Љупчо Савевски – судија на Основен суд Битола;
- Лидија Андреска – судија,претседател на Основен суд Крушево;
- Доста Лукароска – судија на Основен суд Прилеп;
- Лидија Аризанова – судија на Основен суд Струмица;
- Илија Стојанов – судија на Основен суд Струмица.
- Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Лидија Кузманоска Бачевска, судија на Апелационен суд Гостивар, по сопствено барање.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Станка Кимова, судија на Основен суд Гевгелија, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Љубинка Костадинова, судија на Основен суд Кавадарци, поради исполнување на услови за старосна пензија.
- Формирани се комисии на известители по поднесени 8 (осум) барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
- Илија Стојанов судија на Основниот суд Струмица времено е упатен да ја извршува судиската функција во Основниот суд Берово за период од (една) година од денот на упатувањето.