Соопштение од 454-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.09.2023 и 14.09.2023 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 454-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.09.2023 и 14.09.2023 година
Соопштенија за јавност
|
14.9.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 454-та седница одржана на ден 13.09.2023 година и продолжението на 14.09.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
- Разгледан е Извештајот на Комисијата за подготовка на кандидатски листи и донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на 1 (еден) член на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ;
- Формирана е Комисија за подготовка на кандидатски листи во состав од: м-р Селим Адеми – претседател на Комисијата, Мери Радевска и Лорета Горгиева – членови на Комисијата;
- Разгледан е и усвоен Извештаjот од работната посета на Апелационен суд Штип;
- Разгледани се и усвоени извештаите од работните посети на Управниот суд Скопје, Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Куманово и Основниот суд Струмица;
- Донесени се одлуки во врска со донесени одлуки на Управен суд Скопје;
- Разгледан е и усвоен Извештајот за констатирана состојба;
- Формирана е Комисија на известители по поднесно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
Донесена е Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд