Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
Соопштенија за јавност
|
07.2.2020
СООПШТЕНИЕ
Заради заштита на личноста и интегритетот на судиите, Судскиот совет на Република Северна Македонија во врска со поднесеното барање од судијата на Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска, кое се однесува на дадениот исказ во својство на сведок од страна на јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство Радовиш Лиле Стефанова во постапката по предметот со кодно име „Рекет“ ја известува јавноста дека пред Судскиот совет на Република Северна Македонија досега не е поведена постапка за утврдување одговорност, ниту пак е поднесена претставка против судијата Добрила Кацарска за конкретниот случај.