Соопштение за одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  29.9.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 29.09.2021 година (среда), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 14.07.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јуни и јули 2021 година;

3. Разгледување на барањето на подносителот адвокат Драги Методиев од Скопје, за утврдување правно мислење по прашањата: Дали е дозволено тужените и должниците кон кои е донесено Решение за привремена мерка од надлежен суд, која трае до правосилното завршување на постапката, и со која им се забранува да го продаваат, отуѓуваат, да бараат предавање во владение, издавање под закуп или било кој друг начин да располагаат со недвижниот имот заведен во конкретниот имотен лист каде се истите запишани; Дали нотарот како повереник на судот има законска обврска да внимава по службена должност на прибелешката која е ставена во имотниот лист (решението за привремена мерка) и истиот да се воздржи од запишување на солемнизираната исправа во имотниот лист се додека трае судската постапка по донесеното решение за привремена мерка и истиот да не го оптеретува конкретниот предмет; и Дали спроведувањето на ваквите договори од страна на нотарот во конкретниот имотен лист и завршувањето и реализирањето на паричните побарувања, наведени во самите договори од страна на извршител, доведува до создавање на одредена правна несигурност кај тужителот и доверителот;

4. Разгледување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во случајот Проданов против Северна Македонија, апликација бр.73087/12 од 10.06.2021 година, Препораката на Бирото за застапување на Република Северна Македонија прд судот за човекови права, во врска со дописот на Одделот за судска практика СПР.бр.18/21;

5. Разгледување на барање за донесување на правно мислење поднесено од Марин и Десанка Чедевски од Гостивар, преку полномошник Љупчо Лазарески адвокат од Гостивар, по сентенца на Врховниот суд на Република Северна Македонија во врска со донесена пресуда Рев2.бр.320/2017 од 22.06.2018 година;

6. Разгледување и утврдување на сентенца по предметот:

            - Рев1.бр.473/18;

7.Разно;

 

По одржаната расправа:

По однос на првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 14.07.2021 година;

По однос на втората точка на дневниот ред, усвоен е Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јуни и јули 2021 година;

По однос на третата точка од дневниот ред, Одделот заклучи дека нема основ да се утврди правно мислење за конкретните правни прашања;

По однос на четвртата точка од дневниот ред, Одделот заклучи дека има потреба да се расправа по препораките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на наредна седница;

По петтата точка од дневниот ред, Одделот заклучи дека нема основ да се утврди правно мислење по веќе донесена сентенца;

По шестата точка од дневниот ред, сентенцата по предметот Рев1.бр.473/18 е повлечена;

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_