Остварена средба со Центарот за правни истражувања и анализи
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Остварена средба со Центарот за правни истражувања и анализи
На средбата се разговараше за програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, која ја спроведува Центарот за правни истражувања и анализи и која има за цел да ја зголеми правната сигурност и предвидливост преку јакнење на капацитетите во судството, како и да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и практиките во судството во согласност со меѓународните стандарди и практики. Во насока на успешно спроведување на програмата, претставниците од Центарот ја презентираа алатката „Матрица за мерење на перформансите на правосудството“, креирана во соработка со Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија, како инструмент за мерење на напредокот на судските реформи во Стратегијата за реформи во правосудствотo. Се дискутираше пред се за начинот на спроведување на активностите, а Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, истакна дека Судот ќе го поддржи спроведувањето на овој инструмент и изрази надеж дека на овој начин ќе се лоцираат слабостите и проблемите во работењето на правосудството и ќе се изнајдат начини истите да се надминат.
Претставниците од Центарот за правни истражувања и анализи искажаа благодарност до Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, за досегашната поддршка и соработка.