Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06)
Врховниот суд како највисок суд во државата, е надлежен:
- да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
- да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
- да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и
- да врши други работи определени со закон.

Својата функција да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите, Врховниот суд ја остварува меѓу другото и со:
- утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања, од значење за обезбедување на единство во примена на законите од страна на судовите, по сопствена иницијатива или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд на Република Македонија,
-  дава мислења по предлози за закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работа на судовите,
- разгледува прашања во врска со работата на судовите, примената на законите и судската практика,
- донесува Деловник за својата работа,
- донесува програма за работа на судот,
- поднесува предлог до Судскиот совет на Република Македонија за времено упатување на судија во друг суд,
- поднесува барање за поведување на дисциплинска постапка против судија,
- поднесува барање за поведување на постапка пред Судскиот совет на Република Македонија за утврдување на трајно загубена способност за вршење на судиска функција,
- именува состав на Советот за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, согласно закон,
- решава по барања за заштита на законитоста против одлуките на своите совети,
- одлучува по барање за изземање на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија,
- го разгледува извештајот за својата работа и извештаите за работата на судовите во Република Македонија од аспект на ажурноста и квалитетот на работата, донесува заклучоци по нив и се грижи за нивно спроведување и
- врши и други работи утврдени со закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите (сл.весник бр.35/08)
Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.150/10)
ИСТОРИЈАТ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 05.10.2018
    Врховниот суд на Република Македонија денес, на ден 5 октомври 2018 година (петок), одржа итна Општа седница поради потребата да се избере нов член на советот, кој треба да одлучува во предметот заведен под РЖ.бр.2/18, оформен во Врховниот суд на Република Македонија по повод жалба изјавена против решението на Државната изборна комисија УП1-12-56 од 02.10.2018 година. Причината за избор на нов член на советот се наметна поради неоправданото отсуство на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Македонија, која е член на советот кој е надлежен да постапува по предметот, согласно автоматската електронска распределба на предметите. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 26.9.2018
    Согласно надлежноста на Врховниот суд на Република Македонија во постапката за заштита на гласачкото право при спроведување на референдум на државно ниво, која произлегува од член 64 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005), Врховниот суд на Република Македонија одлучува по жалбите против решенијата на Државната изборна комисија, изјавени во рок од 48 часа од денот на приемот на решението. [повеќе]
  • Делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата во посета на Врховниот суд на Република Македонија

    Известувања  | 21.9.2018
    Во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, на ден 20.09.2018 година, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, заедно со судиите Рахилка Стојковска и Снежана Ѓорѓиеска Зекирија и членови на Кабинетот на претседателот, остварија средба со претставници на делегацијата на Европската комисија за ефикасност на правдата (СЕРЕЈ), предводени од заменик претседателот на Комисијата, Рамин Гурбанов. [повеќе]

Сите вести