За судиите
ActionsЗа судиите
Претседател на Основен суд Битола е Татјана Петровска.
За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Битола се ангажирани 14 судии и тоа:
Претседател
CV на Претседател
Судија Татјана Петровска
Образование:
- Дипломирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Битола, во Јуни 1986 година;
- Положила правосуден испит Октомври 2003 година;
- Прва генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители на РМ во периодот 2007 – 2008 година, со стекнат статус на кандидат за судија, односно кандидат за јавен обвинител;
- Магистрирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола, со стекнат статус „Магистер по правни науки“.
Работно искуство:
- Од октомври 1989 година, до Јуни 1991 година, во Народниот Театар Битола, како Секретар;
- Од Јуни 1991 до Мај 1996 година, во БИД Мисирков“ Битола, како Секретар;
- Од Мај 1996 до Ноември 2000 година, во приватна фирма како Секретар;
- Од Септември 2002 година, до Декември 2005 година, Апелационен суд во Битола, како Судски приправник и како Стручен соработник;
- Од Мај 2006 до Октомври 2006 година, кај Извршител Жанета Пријевиќ, како Помошник извршител;
- Од Октомври 2006 до Јули 2009 година, во КПУ Затвор Битола, како Заменик директор;
- Од Јули 2009 година, до Октомври 2023 година, во Основниот суд Битола, како Судија – кривична материја;
- Од Октомври 2023 година, до денес во Основниот суд во Битола, како Претседател.
Објавени трудови и активности:
- Од Октомври 2006 година – две години, член во Комисијата за жалби по јавни набавки;
- Од 2015 година, до Октоври 2023 година, координатор и ментор по кривична материја во практичниот дел на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители
- Од 2020 година, до денес предавач по кривична материја во Академијата за судии и јавни обвинители;
- Посетила и успешно завршила голем број на курсеви и семинари на најразлични теми организирани преку Академијата за судии и јавни обвинители, Американска абасада, Италијанска амбасада, Амбасада на Шпанија, Амбасадата од Холандија, УНИЦЕФ, OSCE, UNDP, USAID, TAEX и други во рамките на функцијата судија од кривично право, право на Европска Унија, Меѓународно право и право на Европскиот суд за човекови права. Стекнати се сертификати за обучувач, предавач и ментор во Академијата за судии и јавни обвинители, голем број на сертификати за завршена обука од областа за кривичното право, вклучително за кривични дела од Кривичниот законик, кривично дело од омраза и кривични дела според Законот за правда за децата.
- Студиска посета во летната школа за судии на тема конфискација на имот и имотна корист во Варна Р. Бугарија, завршена школа во ИЛЕА – Академијата во Будимпешта Р. Унгарија, на тема спречување на корупција и борба против корупција, студиска посета на судовите во Букурешт Р. Романија, посета на школи за изучување на англиски јазик за судии и јавни обвинители.