Стручна служба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Стручни служби

СТРУЧНА СЛУЖБА

Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
Советот донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места.


Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија го назначува Генералниот секретар од редот на административните службеници од категоријата Б односно од редот на раководните вработени, а согласно Законот за административни службеници.

ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Внатрешната организација на Судскиот совет на Република Македонија е утврдена во согласност со надлежностите на Советот, утврдени во Законот за судскиот совет на Република Македонија.

Со внатрешната организација на Советот утврдена со овој Правилник се обезбедува:

  • Законито, стручно, одговорно, ефикасно и рационално вршење на работите и задачите;
  • независност и одговорност при вршењето на задачите;
  • успешно и квалитетно раководење на стручната служба на Советот.

Во зависност од видот, обемот, степенот на сложеноста на работата, како и нивната меѓусебна поврзаност и сродност, одговорност и другите услови за успешно функционирање на стручната служба на Советот се образуваат следниве организациски облици:

(1) Сектор за информатички, административно-технички работи и водење на статистика и аналитика на судовите, со две одделенија:

  • Одделение за информатички и административно-технички работи
  • Одделение за статистика и аналитика на судовите

(2) Сектор за судски буџет, со четири одделенија:

  • Одделение за финансиски прашања на судскиот буџетски совет
  • Одделение за правни и општи работи на судскиот буџетски совет
  • Одделение за инвестиции на судскиот буџетски совет
  • Одделение за информациско-комуникациски технологии на судскиот буџетски совет

Во Судскиот совет на Република Македонија постојат и две посебни одделенија:

  • Одделение за внатрешна ревизија
  • Одделение за човечки ресурси

Со Стручната сслужба на Советот раководи Генералниот секретар на Советот.
Со секторите раководат раководители на сектори, а со одделенијата раководат раководители на одделенија.

Заради ефикасно работење и целосно остварување на работите и задачите на стручната служба на Советот, се формира стручен колегиум на Стручната служба на Советот, кој го сочинуваат:

  • Генералниот секретар
  • Државните советници
  • Раководителите на секторите

Согласно Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Судскиот совет на Република Македонија, главните групи на работи и задачи што се извршуваат во Стручната служба на Советот се:

  • студиско – аналитички;
  • информативно документациони;
  • оперативно технички;
  • стручно – административни.