Устав [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Устав

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел:

  • Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
  • да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
  • да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;
  • да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и
  • да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.

Собранието на Република Македонија, донесува

 

 УСТАВ 
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


 UstavnaRmizmeni.pdf - Преземање