Претседател на Судски Совет на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Претседател на Судски Совет на РМ

Со работата на Советот раководи претседател.

Претседателот на Советот има заменик, кој го заменува во негово отсуство.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.

Претседателот на Советот:

  • го претставува Советот,
  • претседава и раководи со седниците,
  • учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
  • ги потпишува одлуките, предлозите, решенијата и другите акти на Советот и се грижи за нивно извршување и
  • се грижи за спроведување на Деловникот на Советот и врши и други работи определени со закон и Деловникот.

 Весна Дамева

 Весна Дамева

Име и презиме :
Весна Дамева
Година на избор:
04.01.2024
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирала на 18.04.2002 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосуден испит положила на 18.10.2004 година. Магистрант е по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство:

Целото работно искуство го има стекнато во Основен кривичен суд Скопје (претходно Основен суд Скопје 1 Скопје), каде е вработена од Октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник. Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Обуки и тренинзи:
Во текот на работењето, континуирано го надградувала своето знаење преку учество и посета на стручни обуки и  тренинзи од различни области меѓу кои и дел oрганизирани во соработка со ОБСЕ и ОПДАТ, со проектот CARDS 2004, со проект финансиран од ЕУ, Европската комисија преку TAIEX и други, а активно учество земала и на сесии организирани за измени на закони, како КЗ, ЗКП, Закон за судска служба.


На ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година.

На ден 5.12.2022 година е избрана за претседател на Судски совет на РСМ.
 
Статусна позиција:
Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија

 

 

Прва<1>Последна