Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Според член 32 став 4 од Законот за судови  („Службен весник на РМ“ број 58/06 од 11.05.2006 година, 35/08 од 14.03.2008 година, 150/10 од 18.11.2010 година , 83/18 од 08.05.2018 година, 198/18 од 31.10.2018 година и „Службен весник на РСМ“ број 96 од 17.05.2019 година) Основниот граѓански суд Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, односно за подрачјето на следниве скопски општини (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново).

Во согласност со цитираниот член и член 30 и член 31 од Законот за судови, како и другите важечки прописи, Основниот граѓански суд Скопје е надлежен да одлучува во прв степен во граѓански спорови и тоа:

  • за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до и над 50.000 Евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
  • за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета до и над 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во постапка за обезбедување на побарување,
  • за работни спорови,
  • за спорови од наследно-правни односи,
  • за вонпарнични и оставински,
  • во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
  • водат судски регистар за политички партии,
  • во постапка за стечај и ликвидација,
  • во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
  • за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански, односно трговски односи
  • за други работи утврдени со закон.

 

Историјат
Структура на судската зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ

    Новости  | 12.11.2019
  • СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

    Новости  | 25.10.2019
    Почитувани, Основниот граѓански суд Скопје и оваа година се приклучи кон одбележување на „Европскиот ден на правдата.“ По повод „Европскиот ден на правдата“, Основниот граѓански суд Скопје организираше „Отворен ден“, во просториите на Судот на кој присуствуваа Заменик претседателот на судот Наталија Донева и Советник – Портпаролот д-р Сања Томиќ Велкоски. [повеќе]

Сите вести