За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

 

Претседател

CV на Претседател

Судија ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА

Име и презиме:
ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена е на 21.02.1966 година во Штип. Основно и средно образование - гимназија завршува во Штип.
Дипломира на правниот факултет во Битола на 22.11.1989 година.
На 05.10.1995 година положила правосуден испит. 
Има завршено 2 степени англиски јазик.

Работно искуство:

Од 01.01.1990 година до 31.12.1992 година волонтира во Општински суд Штип. Од 16.01.1995 год. до 02.05.1995 год. работи како стручен соработник во Општински суд Штип. Од 03.05.1995 год. до 15.04.1998 год. работи како стручен соработник во Окружниот суд во Штип / Апелационен суд Штип. Од 16.04.1998 год. до 12.09.2010 год. работи како секретар на Апелационен суд Штип.

Од 13.09.2010 год. до 01.12.2013 год. работи како судија во Основниот суд во Штип. На 02.12.2013 година е избрана за судија во Апелационен суд Штип. Работи како судија на предмети од кривична област.

На 14.09.2016 год. е именувана за В. Д. Претседател на Апелационен суд Штип.

Судиите

Судија КОРНЕЛИЈА ДАВЧЕВА

Судија КОРНЕЛИЈА ДАВЧЕВА

Име и презиме:
КОРНЕЛИЈА ДАВЧЕВА
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена сум во Штип на 06.03.1957 година. Основно училиште завршив во Штип, како и средно образование во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Правен факултет завршив во Скопје на 30.06.1980 година. 

Работно искуство:

Се вработив како приправник во Основниот суд за здружен труд во Штип на 01.07.1981 година и бев приправник до 01.12.1982 година. Од 01.12.1982 година до 30.06.1990 година работев како стручен соработник при Основниот суд за здружен труд во Штип. На 01.07.1990 година бев избрана за судија при Општинскиот суд во Штип во кривично одделенине и бев на оваа функција до 30.06.1996 година. На 10.04.1996 година бев избрана за судија на Апелациониот суд во Штип, кој започна со работа од 01.07.1996 година. За целиот временски период откако сум избрана за судија во Апелациониот суд во Штип, работам на кривична материја.

Објавени трудови и активности:

 

Судија ЈАГОДА ЃУРКОВА

Судија ЈАГОДА ЃУРКОВА

Име и презиме:
ЈАГОДА ЃУРКОВА
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена на 16.09.1955 година во Штип. На 05.02.1980 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје. 

Работно искуство:

По завршувањето на факултетот, во 1981 година се вработи као приправник во Окружното јавно обвинителство – Штип, а потоа од 1983 година продолжила да работи како стручен соработник во истиот орган. На 15.04.1988 година е избрана за судија во Општински суд – Штип. Од 1996 година е избрана за судија во Апелациониот суд – Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија НАЌЕ ГЕОРЃИЕВ

Судија НАЌЕ ГЕОРЃИЕВ

Име и презиме:
НАЌЕ ГЕОРЃИЕВ
Година на избор:
2004
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Роден на 13.06.1963 година во Струмица.
Основно образование завршив во ЦО „Гоце Делчев“ во с. Босилово.
Средно образование завршив во Гимназијата Јане Сандански во Струмица.
Се запишав на Правен Факултет во Битола во учебната 1983/84 година, каде дипломирав на 07.07.1987 година.

Работно искуство:

По дипломирањето се вработив на ден 08.10.1987 година во РО За медицинска рехабилитација Природно лекувалиште Бања Банско на работно место референт за работни односи –дисциплинска постапка и управување се до 24.09.1997 година.
Избран сум на 24.09.1997 година за судија во Основен суд Струмица каде работев во граѓански оддел.
Во Основен суд Струмица бев до 15.06.2004 година. Избран сум за судија на Апелационен суд во Штип на 15.06.2004 година каде што сеуште работам во граѓански оддел.

Објавени трудови и активности:

 

Судија ЗОРАНЧО МИЦЕВСКИ

Судија ЗОРАНЧО МИЦЕВСКИ

Име и презиме:
ЗОРАНЧО МИЦЕВСКИ
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Роден 07.05.1957 год. во Штип каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1983 год. Во 1986 год. положил правосуден испит. 

Работно искуство:

Во 1983 год. се вработил како приправник во Окружен суд - Штип. Во 2000 год. е избран за судија во Основен суд – Кочани. На 25.06.2009 год. е избран за судија во Апелационен суд – Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија СЛАВЧО ТАСЕВ

Судија СЛАВЧО ТАСЕВ

Име и презиме:
СЛАВЧО ТАСЕВ
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на ден 05.06.1959 година во с. Груинци, Босилеград, Република Србија. Основно и средно образование завршил во Босилеград. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Медодиј“ во Скопје на ден 23.11.1983 година, а на ден 18.06.1986 година положил правосуден испит во Скопје. 

Работно искуство:

Од 01.01.1984 година до 01.09.1984 година работел како адвокатски приправник кај адвокатот Душан Милоевиќ во Скопје. Од 01.11.1984 година до 10.03.1995 година работел како стручен соработник во Окружен суд Штип. Од 10.03.1995 година до 28.06.1996 година работел како адвокат во Штип. На ден 29.06.1996 година е избран за судија во Основен суд Штип, каде работел како судија на тој суд се до 19.11.2009 година, кога е избран за судија на Апелационен суд Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија КИРЧЕ ДОНЕВ

Судија КИРЧЕ ДОНЕВ

Име и презиме:
КИРЧЕ ДОНЕВ
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Роден 06.10.1959 год. во Штип. Основно образование има завршено во с. Чешиново - Кочани, средно образование во Штип, дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1986 год. На 05.10.1992 год. положил правосуден испит.

Работно искуство:

За првпат бил вработен во Основниот суд на здружениот труд во Штип како судски приправник, од 01.01.1990 год. се вработува во Окружен суд Штип како судски приправник. Од 05.10.1992 год. па се до 30.06.1996 год. работи како стручен соработник во Окружен суд Штип. Продолжува да работи како стручен соработник и во Апелационен суд Штип од 01.07.1996 год. до 01.09. истата година. Од 01.09.1996 год. до 25.03.1998 год. работи како секретар на Апелационен суд Штип.
На 25.03.1998 год. избран е за судија во Основен суд Штип и таа функција ја врши до 14.01.2010 год. кога е избран за судија во Апелационен суд Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија ДАНКА РИСТОВА

Судија ДАНКА РИСТОВА

Име и презиме:
ДАНКА РИСТОВА
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на 19.09.1965 год. во Кочани.
Основно и средно образование - општа гимназија завршила во Радовиш. Дипломирала на Правен факултет на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во 1987 год.

Работно искуство:

Од 10.1989 година работи како приправник, а потоа и како стручен соработник во Јавното правобранителство во Радовиш. Избрана е за судија во Основниот суд во Радовиш во јули 1997 год., каде работи на кривична и прекршочна материја. Во ноември 2009 год. избрана е за Претседател на Основен суд Радовиш.
Во септември 2010 год. избрана е за судија во Апелациониот суд во Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Име и презиме:
СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена е на 17.02.1964 година во Кочани.
Во 1987 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правосуден испит положува на 09.12.1992 година.

Работно искуство:

Од 01.12.1989 год. работи како приправник во Окружниот стопански суд во Штип. Од 09.12.1992 год. продолжува да работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд во Штип до 30.06.1996 год.
Од 01.07.1996 год. до 10.07.2002 год. продолжува да работи како стручен соработник во Основниот суд во Штип.
На 11.07.2002 год. е избрана за судија во Основен суд Штип, каде работи на граѓанска материја.
На 30.03.2011 год. избрана е за судија во Апелационен суд Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија СОФИЈА МАНЕВА

Судија СОФИЈА МАНЕВА

Име и презиме:
СОФИЈА МАНЕВА
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена на  15.09.1961 год. во Штип, каде завршува основно училиште и средно училиште гимназија.
Дипломира на Правниот факултет - Скопје при Универзитет „Кирил и Методиј“ на ден 03.07.1985 год. - правосудна насока. Правосудниот испит го положува на ден 28.04.1987 год.

Работно искуство:

Вработена е во Основен суд на здружен труд - Штип на ден 21.10.1985 год. како приправник.
Од 28.04.1987 год. работи како стручен соработник се до 31.12.1991 год.
Од 01.01.1992 год. преминува на работа во Општинскиот суд  - Штип како стручен соработник.
Избрана за судија во Основен суд - Штип на ден 27.06.1996 год.
Избрана за судија во Апелационен суд - Штип на ден 30.11.2011 год.

Објавени трудови и активности:

 

Судија ТОНИ ДЕЛЕВ

Судија ТОНИ ДЕЛЕВ

Име и презиме:
ТОНИ ДЕЛЕВ
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 17.06.1965 г. во Ново Село, Струмица, Р.Македонија. Основно и средно училиште – Гимназија завршува во Струмица. На Правниот Факултет во Битола дипломира на 20.05.1990 година. Правосуден испит положил во 1996 година.
Има посетувано  и учествувано на повеќе курсеви и проекти за едукација на судии  во странство, активно зборува Англиски јазик, со завршен VII степен.

Работно искуство:

Од 1992 до 1995 година работи во стопанска организација. Од 01.03.1998 година е вработен во Основен суд Струмица  како стручен соработник, за судија во Основен суд Струмица е избран на 07.02.2006 година и цело време работи на кривична материја.
На  05.09.2016 година е избран за судија на Апелационен суд Штип, работи во Кривичен оддел.
 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести